ОБЈАВЕН ПРВ КАТАЛОГ ЗА ЕТНОЛОШКАТА РИЗНИЦА НА ТРПЕЈЦА

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

За првпат од постоењето на туристичката населба Трпејца кај Охрид, издаден е каталог за нејзината етнолошка ризница.

„Направивме истражување, собравме етноматеријали од Трпејца и подготвивме изложба и посебна публикација – каталог на македонски и англиски јазик. Каталогот, освен културна, има и туристичко-промотивна димензија. Неговата успешност е мотив плус ние од Здружението да продолжиме во таа насока”, вели авторот на проектот и уредник на каталогот, м-р Милчо Јованоски.

Здружението „За Трпејца со љубов“ месец и половина работеше на проектот „Од етнолошката ризница на Трпејца“, кој се реализира со средства од Министерството за култура. Денеска во 16 часот, во подрачното училиште „Св. Наум Охридски“, каталогот ќе го промовира етнологот Оливера Мишева, а ќе биде отворена и изложбата.

Д. ЧУБРИЌ