ГРЕТА ТУНБЕРГ ОДБИ НАГРАДА ОД 46.000 ЕВРА И ИМ ПОРАЧА НА СКАНДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ ПОМАЛКУ ДА ТРОШАТ

Стокхолм, (Би-Би-Си)

Младата шведска активистка Грета Тунберг одби да прими еколошка награда затоа што „на климатското движење не му требаат награди“.

Таа му се заблагодари на Скандинавскиот совет, кој ја доделува наградата, и оттаму кажаа дека ја почитуваат нејзината одлука. Наградата имаше вредност од 500.000 шведски круни (46.000 евра).

Политичарите и луѓето на власт треба да ја слушаат сегашната наука. Јазот помеѓу она што го кажува науката за ограничувањето на порастот на глобалните температури и она што се презема е огромен“, порача Тунберг, по што ја искара и својата татковина.

Скандинавските држави уживаат голем углед во светот кога станува збор за климата и екологијата, но тамошната потрошувачка на енергија кажува нешто сосема друго. Шведска, како и целиот скандинавски регион, живее како светот да има ресурси за четири планети“, вели Тунберг.

Таа му порача на Советот внимателно да размисли каде ќе ги вложи парите од наградата.