ГРУПНА ИЗЛОЖБА ИНСПИРИРАНА ОД СВЕТИ КЛИМЕНТ И СВЕТИ НАУМ ВО КИЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

В среда (13 декември) во 20 часот, во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје ќе се отвори групната изложба „На изворот на Климент и Наум“.

Ќе бидат изложени дела на Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Благоја Дрнков, Петар Хаџи Бошков, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Петар Попчев, Владимир Георгиевски, Стефан Хаџи-Николов, Доне Миљановски, Ставре Димитров-Стадим, Илија Аџиевски, Димитар Малиданов, Благој Чушков, Ангеле Нацевски и други. Инспирација за нивните дела се Свети Климент и Свети Наум.

Изложбата ќе биде отворена до 10 јануари следната година.