„КАКО ДОМА“ – АКУСТИЧЕН КОНЦЕРТ НА ДИНА ЈАШАРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Младата кантавторка Дина Јашари ќе одржи акустичен концерт на 14 декември од 20 часот во „Салон 19:19“ во КИЦ, насловен „Како дома“. Минатата година во Белград, Јашари ја доби наградата „Милан Младеновиќ“ за песната „Дома“.

Дина Јашари досега има издадено пет синглови и миниалбумот „Дома“, а неодамна ја претстави новата песна „Не сум твој сон“. 

Влезот на концертот е слободен.