Луксузниот хотелски комплекс со пет ѕвезди „Сан гарденс Дубровник“ (Sun Gardens Dubrovnik) им нуди можност за работа на сезонските работници од Македонија и ги поканува заинтересираните кандидати да дојдат на средба во „Парк хотел & спа“ во Скопје на 29 јануари во 11 часот.
Член на престижната групација The Leading Hotels of the World, „Сан Гарденс Дубровник“ се наоѓа во Орашац, на самиот брег на Јадранското Море, на 11 километри од Дубровник.
Во понуда се работни места собари/собарки, чистачи/чистачки, келнери/келнерки, како и готвачи, слаткари, пица мајстори и месари. Вработувањата почнуваат во април, при што се склучува договор на најмалку шест месеци, велат од хотелот, кој ги покрива и трошоците за издавање работна дозвола.
Заинтересираните треба да испратат писмо со биографија на англиски јазик на е-адресата: [email protected]. Повеќе информации можат да се добијат на телефонскиот број 0038520361681 и на веб-страницата https://www.dubrovniksungardens.com/selection-macedonia-2019?locale=HR?.