Поп пејачката Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на годинашната Евровизија, која од 14 до 18 мај ќе се одржи во Тел Авив, Израел.

Како што објави Македонската радио-телевизија, се работи на повеќе композиции, а најдобрата ќе ја изберат Тамара и нивниот тим.

Тамара досега трипати беше на изборот на најдобра песна во Европа. Во 2008 во Белград настапи заедно со Адријан Гаџа и Врчак, а двапати учествуваше и како придружен вокал: на Тоше Проески во Турција во 2004 и во 2014 година во Данска, кога беше на сцената со сестра ѝ Тијана.