Светот се соочува со кризата на сè поголемиот електронски отпад, чие количество секоја година изнесува 50 милиони тони, велат Обединетите нации. Форумот за отпадна електронска и електрична опрема процени дека лани се фрлиле пет милијарди мобилни телефони.
Според Меѓународната унија за телекомуникации, Европа има најголема стапка на создавање електронски отпад по глава на жител (над 16 килограми), пред Океанија и Америка, но „стариот континент“ исто така е лидер во собирањето и рециклирањето на овој вид отпад со 42,5%.
Според обработените податоци, највисоката стапка на рециклирање во Европа ја има Хрватска, дури 83%. Една од причините за тоа е што продавниците за електроника се обврзани да го преземаат електронскиот отпад донесен од купувачите. Ако продавницата има повеќе од 400 квадратни метри, таа мора да обезбеди бесплатно собирање на ситниот електронски отпад до 25 сантиметри, без обврска да се купува нова опрема.
Исто така, постои можност да се побара бесплатно отстранување на сите видови електронски отпад секаде низ земјата.
На второто место е Малта, која рециклира 20,8% електронски отпад.
(Фото: Гети)