Хрватскиот писател Ѓорѓе Матиќ утре во „Јавна соба“ во Скопје ќе го промовира својот нов роман „Од никаде со љубов“, што го објави лани, по враќањето од долгогодишниот егзил во странство. Настанот што почнува во 19 часот го организира Српскиот културно-информативен центар во Македонија СПОНА. Во присуство на авторот, за неговото творештво ќе зборува професорката Елизабета Шелева.
Матиќ првпат гостува во Скопје. Роден е во 1970 во Загреб, во 1991 заминал во Италија, а потоа во Холандија. Пред три години се вратил во Хрватска и денес живее во Пореч.
„Од никаде со љубов“ е првото прозно дело на угледниот поет и есеист. Матиќ беше и уредник и коавтор на „Лексиконот на ЈУ митологијата“.
(Фото: Д. Мујан)