ИЛОН МАСК ВЕЌЕ НЕ Е НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Илон Маск го изгуби статусот на најбогатиот човек на светот по наглиот пад на вредноста на акциите на неговата компанија за електрични возила „Тесла“ оваа година. Според „Форбс“ и „Блумберг“, првото место го презеде Бернар Арно, извршниот шеф на компанијата за луксузни добра ЛВМХ.

Ова следува откако Маск го купи „Твитер“ за 44 милијарди долари. Тој поседува околу 14% акции на „Тесла“, со што е најголемиот акционер во компанијата.

Форбс“ процени дека богатството на Маск сега изнесува 178 милијарди долари, додека Арно вреди десет милијарди повеќе.

Маск продаде акции на „Тесла“ вредни неколку милијарди долари за да може да го финансира купувањето на „Твитер“, што придонесло за падот на вредноста на неговата компанија.