ИСЛАНЃАНЕЦ 10 ГОДИНИ ЧУВА ЧИЗБУРГЕР ОД „МЕКДОНАЛДС“ И ГО ПРЕНЕСУВА НА ИНТЕРНЕТ

Рејкјавик, (Би-Би-Си)

Кога „Мекдоналдс“ ги затвори сите свои ресторани во Исланд во 2009 година, Хјортус Смарасон решил да ги зачува последните купени чизбургер и компирчиња.

„Имав слушнато дека ‘мекдоналдс‘ никогаш не се распаѓа и сакав да проверам дали е тоа точно“, вели Смарасон.

Оваа недела се навршија десет години откако бил купен навидум неуништливиот бургер и тој и натаму изгледа исто. Оние што ги интересира можат во живо да гледаат стриминг од бургерот и компирчињата, што се емитува од нивната сегашна локација во хостелот „Снотра хаус“ во јужен Исланд.

„Старото момче и натаму е тука и сѐ уште изгледа добро. Забавно е, но ве замислува што всушност јадеме. Нема мувла, само хартијата во која што е завиткан изгледа старо“, вели сопственикот на хостелот Сиги Сигурдур.

Оттаму велат дека луѓе од цел свет доаѓаат да го видат бургерот, а интернет страницата има 400.000 посети дневно.

Смарасон не е прв човек кој го пробал овој експеримент. Карен Ханрахан тврдеше дека нејзиниот бургер и по 14 години изгледал исто.

„Мекдоналдс“ во 2013 година прокоментира дека нивниот бургер во вистински околности ќе се распадне како и секоја друга храна.