ИТАЛИЈАНЦИТЕ ПО ТРИ МЕСЕЦИ ПОВТОРНО СМЕАТ ДА ПАТУВААТ

Рим, (Би-Би-Си)

Италија влезе во последната фаза од олеснувањето на коронамерките откако премиерот Џузепе Конте ги укина ограничувањата за патувањата.

„Заслуживме да се смееме и да бидеме весели по неколку недели големо жртвување“, изјави Конте.

Италија ги затвори границите и ги забрани сите внатрешни патувања на 9 март кога стана прва држава во Европа која воведе национален карантин. Од вчера, Италија е повторно отворена за жителите на Европската Унија, како и на Велика Британија, Швајцарија, Исланд, Норвешка и Лихтенштајн и тие нема да треба да одат во карантин.

Италијанците сега смеат да патуваат од еден во друг регион, како и во земјите од Европската Унија.