ИВА ДАМЈАНОВСКИ ПРОМОВИРА СТИХОЗБИРКА НА ПЛАТОТО ПРЕД МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва од 19 часот, на платото пред Младински културен центар (МКЦ) ќе биде промовирана стихозбирката „Двоумење“ од Ива Дамјановски. Мерките на претпазливост се строго испочитувани, велат од МКЦ.

Дамјановски (1996) е родена во Скопје и е дипломиран пијанист на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

„Ива пишува со хируршка прецизност, а текстот го третира со војничка дисциплина. Секој звук и секоја тишина во нејзината поезија се пресметани, а зборовите се одбрани како камчиња за мозаик. Секое нивно значење и секоја повеќезначност се намерни. Сѐ е подредено во служба на идејата и пораката“, стои во рецензијата на Јулијана Величковска.