ИЗБОРИ НА 15 ЈУЛИ, ДОДЕКА БРОЈКАТА НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ОСТАНУВА НАД 100

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 15 јули, додека бројката нови случаи на коронавирус останува трицифрена.

  • Три лица од Скопје на возраст од 45, 73 и 74 години, 65-годишен пациент од Тетово и 80-годишен кумановец се последните жртви на КОВИД-19.
  • Од почетокот на епидемијата, коронавирусот однесе 193 животи во земјата.
  • Потврдени се нови 103 случаи на зараза (од 841 тестирање), а вкупно 4.157 досега.
  • Речиси половина од нив се во Скопје (46), па следуваат Тетово со 17, Струга со девет и Куманово, Штип и Ресен со по шест.
  • Досега оздравеле 1.723 лица, додека бројката активни случаи порасна на 2.241.
  • Партиите конечно се согласија со датумот на изборите и тие за првпат ќе се одржат во среда, на 15 јули.