Издавачот „Чудна шума“ го објави своето прво електронско издание, стихозбирката „Шах со Бах“ за деца и возрасни од авторот Владимир Мартиновски и со илустрации на Зоран Кардула.

Издавачот вели дека книгата е за оние што ја сакаат (или сакаат да ја засакаат) музиката. Половина од средствата од продажбата ќе бидат донирани за уметничка и музикотерапија за деца со посебни потреби.

Се работи за електронска книга во пдф-формат, целосно илустрирано издание на 74 страници во боја, а повеќе информации има на следниот линк.

„Печатеното издание ќе го оставиме за некои подобри времиња“, велат од „Чудна шума“.