Утре (29 јуни) од 12 до 17 часот, во Паркот на франкофонијата во Скопје ќе се одржи мотоциклистичкиот настап „Круз калт“ (Cruise Cult).
„Идејата на оваа манифестација е да ја популаризираме мотоциклистичката култура и да се претстави влијанието на мотoциклите врз културниот живот во Македонија и регионот“, велат организаторите.
Ќе има изложба на мотоцикли со неколку карактеристични примероци од секоја класа. како и перформанс на кој ќе се изработуваат цртежи на самите мотоцикли со воздушен пиштол и посебни четки.
Во музичкиот дел ќе настапат блуз бендовите „Ин д муд“ и „Кросроуд блуз бенд“.
(Фото: Фејсбук)