Релито Софија-Свети Влас за првпат ја посети и Македонија, што беше можност љубителите на спортски автомобили да видат вистински „ѕверови“ на четири тркала.
Тие беа изложени денеска на плоштад Македонија во Скопје, на којшто во ист момент беше акумулирана јачина од 10.000 коњски сили.
На релито учествуваат повеќе од 40 ексклузивни автомобили од лимитирана серија, а меѓу изложените модели на централниот скопски плоштад беа и „ламборгини авентадор спајдер“ со повеќе од 700 коњски сили, „ауди Р8 плус“, „ферари 488“, „астон мартин ДБ11“, „АМГ ГТ Р“ на „Мерцедес-Бенц“, „мерцедес Ц63 С купе“ и „порше 991 турбо“.