ИЗЛОЖБА СО 80 ДЕЛА ОД НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА СЕ ОТВОРА ВО МАЛА СТАНИЦА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (7 декември) во 19:30 часот, во Мала станица во Скопје се отвора изложбата „Фауната во колекцијата на Националната галерија“. Ова е второ издание на изложбата и продолжение на циклусот „Од поинаков дискурс“. 

Изложбата е концепт кој го осмисли професорот Иван Џепароски. Ќе бидат поставени околу 80 дела од колекцијата на Националната галерија од автори од Македонија и поранешна Југославија: Иван Мештровиќ, Крстo Хегедушиќ, Мило Милуновиќ, Иван Генералиќ, Весна Соколиќ, Рико Дебењак, Оливера Кангрга, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Боро Митриќески, Томо Владимирски, Димитар Пандилов Аврамовски, Владимир Георгиевски, Петар Мазев, Вана Урошевиќ и други.

Изложбата трае до средината на јануари. 

(Фото: „Волови под облаци“, масло на стакло од Иван Генералиќ од 1963)