ИЗЛОЖБАТА НА ДЛУМ СО ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ЦРТЕЖИ СЕ ОТВОРА ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Изложбата на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ), „Цртеж, експериментален цртеж”, ќе се отвори денеска (25 април) во 20 часот во Куќата на Борко Лазески (ул. Отон Жупанчич бр.15) во Скопје. Изложбата се организира по осми пат.

„Изложбата има за цел да овозможи простор за презентација на дела каде што границите на традиционалниот цртеж се поместуваат, повлекуваат и преобликуваат во нови изразни форми. Оваа изложба го слави иновативниот дух на уметниците кои се осмелуваат да ги предизвикаат конвенциите на медиумот, презентирајќи разновидна колекција на експериментални цртежи кои ги повикуваат гледачите да откриваат нови можности на ликовна креација“, велат од ДЛУМ.