Јапонската актерка Шоко Ито вечерва (7 јуни) од 19 часот ќе ја изведе нејзината претстава „Баба самурај” во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје.
Ито е театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со богата меѓународна кариера, која во текот на 35 години настапила во 80 земји. Дипломирала јапонско сликарство, а во 1986 го основала театарот Ито-Гуми, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми: монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц.
Претставата се игра во чест на јубилејот 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Јапонија и ова ќе биде второ гостување на Ито на Филолошкиот факултет.