Астрономите од цел свет се подготвуваат за утрешен небесен спектакл, кога Јупитер и Сатурн ќе бидат најблиску еден до друг во последните речиси 400 години. Таканареченото големо спојување ќе може да се забележи утревечер веднаш по зајдисонцето, кога двете планети ќе стојат една до друга на ноќното небо.
Во далечно минато, вакви позиционирања на планети се сметале за предупредување за големи настани, од пожари и поплави до раѓањето на Исус и конечно пропаѓање на цивилизацијата.
Орбиталните патеки на овие две огромни планети гарантираат големо спојување на секои 20 години, но тие често не можат да се видат со голо око зашто се случуваат дење. Ова ќе биде најблиското спојување од 1623 година.
Јупитер и Сатурн ќе бидат толку блиску еден до друг што би можеле да изгледаат како една голема светла ѕвезда.
Следното вака големо спојување се најавува за 2080 година.