КАНАДСКА ФИРМА ВРАБОТУВА ДЕГУСТАТОРИ НА МАРИХУАНА ЗА 50 ДОЛАРИ ОД ЧАС

Отава, (ДПА)

По целосната легализација во Канада, компанијата АХЛОТ бара луѓе кои ќе тестираат марихуана, слично на винските сомелиери, за да можат да ги детектираат вкусовите на различните видови канабис и да им ги опишуваат на муштериите.

„Заработете 50 долари на час така што ќе го процените она што го нудат канадските одгледувачи“, стои во огласот на фирмата, во нејзината потрага по „експерти“ кои долго време консумирале марихуана и можат да ги разликуваат различните тревки.

По Ургугвај, Канада во средата стана втората земја во светот каде слободно може да се купи марихуана. Изминативе денови се отворија голем број продавници и фирмите велат дека ќе им биде сѐ потешко на купувачите да се одлучат, бидејќи се појавуваат нови брендови.

„За ова работно место не е потребно физичко присуство, ниту, пак, престој во Торонто. Ги повикуваме кандидатите од цела Канада да се пријават“, изјавија од компанијата, додавајќи дека интересот бил огромен.