„КАРМИНА БУРАНА“ ВЕЧЕРВА ВО ОПЕРАТА, НА 14 ДЕКЕМВРИ ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕРТ НА НОБ И „ТАНЕЦ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (7 декември) од 20 часот, во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Како солисти, заедно со хорот и оркестарот на НОБ, настапуваат Наде Талевска (сопран), баритонот Васко Здравков и Нико Ѓоргиевски (контратенор), а диригент е Иван Еминовиќ.

На 14 декември од 21 часот, во истата сала ќе се одржи заедничкиот концерт на НОБ и „Танец“, „Фолклорно-класична симбиоза“. Најавени се 130 учесници на сцената кои ќе ги изведат познатите кореографии на „Танец“. Овој концерт премиерно се одржа на 27 септември.

Диригент е Бисера Чадловска, а оркестрациите се на Дарко Илиевски.