КОТОН БЛУЗ ФЕСТИВАЛ ЈА ЗАОКРУЖУВА ГОДИНАШНАТА ПРОГРАМА СО СВИРКАТА НА „ЛЕТЕЧКИ ПЕКИНЕЗЕРИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со вечерашниот настап на „Летечки пекинезери“, Котон блуз фестивал ја завршува серијата настани за оваа година, која беше најбогата досега. Свирката ќе се одржи во скопскиот клуб „Маракана“ со почеток во 21 часот, а влезниците чинат 200 денари.

Како музички проект, оваа петорка можеби не се поврзува толку со блузот, но специјално за оваа прилика ќе стане „Летечки блуз пекинезери“.

„‘Летечки пекинезери‘ во соработка со Котон блуз фестивал ќе ни овозможат уникатно музичко доживување исполнето со фузија од стилови на блуз легендите. Поттикнати од Котон блуз фестивал, овојпат ќе го исполнат репертоарот со парчиња земени од нејасната граница каде што се сретнуваат џезот и блузот“, се вели во најавата на концертот.