Каролина Гочева со својот бенд ќе одржи бесплатен концерт во Скопје, в недела од 21 часот, пред новиот трговски центар „Дајмонд мол“ во центарот на Скопје.
На концертот, поп-ѕвездата ќе ги испее своите најголеми хитови од својата музичка кариера која започна во 1991 година на „Макфест“, кога Каролина ја испеа песната „Мамо пушти ме“. Оваа песна сега не е на редовниот репертоар на Гочева, но ги пее хитовите како „Штом сакаш“, „Кажи ми“, „Од нас зависи“, „Ѕвона“ и други.
Каролина на крајот од минатата година го промовираше заедничкиот албум со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, „Песни за љубов и копнеж“, со преработки од постари македонски поп-песни и одржаа седум концерти со овој материјал.
Фото: М. АНДОНОВСКИ