Актерот и музичар Кијану Ривс го објави својот прв роман, но призна дека ништо не напишал од него. Тој се здружи со познатиот британски автор на научна фантастика Чајна Миевил, кој ги пренесол идеите на Ривс во книга насловена „The Book of Elsewhere“, која излезе денеска (23 јули).
„Не сакав да пишувам книга. Сакав друг креатор да го преземе тоа патување. На крајот, Чајна го напиша романот. Јас ништо не напишав самиот“, вели Ривс, кој е на турнеја со својот гранџ бенд „Догстар“.
Книгата раскажува за 80.000 години стар воин кој поминал милениуми обидувајќи се да ја разбере својата бесмртност. Главниот лик е познат само како Б. Романот е заснован врз популарниот стрип серијал на Ривс „Берзеркер“, што првпат излезе во 2021.
„Имам 59 години и постојано мислам на смртта. Тоа е добра работа, но се надевам дека не ме осакатува“, вели Ривс, кој се соочил со неколку животни трагедии, како смртта на неговата девојка и на нивното неродено дете.
(Фото: Гети)