Кина се соочува со огромна разлика помеѓу машката и женската популација, бидејќи има 33,6 милиони повеќе мажи отколку жени, во држава од 1,4 милијарди луѓе.
Фирмата „Екс-дол“ од Далијан верува дека може да најде решение за оние „осамени мажи“ во облик на секс кукли што можат да зборуваат.
Маркетиншкиот директор на фирмата, Вуј Ѕинглијанг, вели:
„Кина има дефицит на жени, што значи дека ќе има побарувачка за овој вид кукли, кои не се само за секс. Ги дизајнираме да можат да водат значајни разговори со вас и да помагаат во домаќинските работи“.
Наречена Ѕијаоди, оваа секс кукла располага со ви-фи и е слична на Сири и Алекса, кои сурфаат на интернет и одговараат на звучни команди.
Купувачите можат да комбинираат разни физички карактеристики, според тоа што најмногу им се допаѓа, како одредување на височина, тен на кожата, боја на очите, големина на градите, па дури и број на пубични влакна.
Цената на една кукла ќе биде околу 2.800 долари.