КИНЕЗИТЕ ПОТРОШИЛЕ РЕКОРДНИ 25 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА ДЕНОТ НА САМЦИТЕ

Пекинг, (Гардијан)

Кинезите потрошиле 25 милијарди долари (168,2 милијарди јуани) на традиционалниот Ден на самците, со што беше поставен нов рекорд на најголемиот малопродажен настан на светот.

Денот на самците се одржува секоја година на 11 ноември и е промовиран од кинескиот гигант за интернет-продажба „Алибаба“. Тој почна како еден вид спротивност на Денот на вљубените, кога луѓе си купуваат подароци сами на себе, а денес е четири пати поголем од Црн петок и Сајбер понеделник, двата најпопуларни шопинг дена во САД.

На овој ден, компаниите нудат големи попусти на своите производи за период од 24 часа и годинашната продажба ја надминала ланската уште во првите 13 часа. Производи во вредност од милијарда јуани биле купени уште во првите две минути по полноќ.

Кога ќе дојде 11.11. никако не можам да престанам да купувам. И тоа често се работи што не ми требаат“, вели 22-годишната студентка Лу Чен.

Алибаба“ секоја година прави спектакл од овој настан, па годинава Денот на самците го отворија Никол Кидман, Марија Шарапова и Фарел Вилијамс.