АМЕРИКАНСКИТЕ СЕНАТОРИ ЌЕ ОДАТ НА ОБУКА ПРОТИВ СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ

Вашингтон, (Вашингтон пост)

Како што обвинувањата за сексуално вознемирување го преплавија интернет и почнаа да се шират и надвор од Холивуд, американскиот Конгрес презеде превентивна акција, во обид да ја обезбеди сигурноста на сенаторите и на други вработени во администрацијата во иднина.

Сенатот донесе резолуција „Стоп за сексуалното вознемирување“, според која сите функционери и административци, во рок од 60 дена од доаѓањето на својата позиција, задолжително ќе мора да поминат низ тренинг, за да се спречи оваа појава.

Тренингот ќе опфати информации за федералните закони за сексуалното вознемирување, правата на жртвите и за последиците за прекршителите. Исто така, експерти ќе држат презентации за тоа како да се спречат вознемирување, дискриминација и одмазда.

Ова доаѓа откако неколку сенаторки им дадоа поддршка на жртвите на холивудскиот продуцент Харви Вајнстин, бидејќи и самите поминале низ слични искуства откако се членки на Конгресот.

„Ниту едно работно место не е имуно на сексуално вознемирување и ние во Конгресот треба да дадеме пример. Со усвојувањето на оваа резолуција, правиме чекор напред кон тоа сите кои работат во Сенатот да се чувствуваат безбедно и пријатно на своето работно место“, вели коавторот на резолуцијата, Чарлс Грасмен.