КОГА ЌЕ СТАНЕ ВОЈВОТКА, МЕГАН МАРКЛ ЌЕ МОРА ДА ПОЧИТУВА НЕКОИ СТРОГИ ПРАВИЛА

Лондон, (Брајтсајд)

Американската актерка Меган Маркл во мај ќе влезе во британското кралско семејство, кога ќе стане сопруга на принцот Хари.

Иако Меган по многу нешта е нетипична кралска невеста, таа, сепак, ќе мора да се приспособи на некои правила и традиции откако ќе стане војвотка.

  • Таа ќе смее да се ракува и фотографира со луѓето, но не и да дава автограми. Нејзиниот потпис може да стои само на официјални документи.
  • Во описот на задолжителни активности се посети на добротворни вечери, училишта и болници.
  • На членовите на кралското семејство им е забрането да јадат школки, затоа што ако се расипаат, можат да станат отровни.
  • Според правилата на облекување, војвотка смее да користи само проѕирен лак за нокти, никако шарен.
  • Забрането е да се користат социјалните мрежи.
  • Членовите на кралското семејство не смеат да се бакнуваат во јавност.
  • Таа ќе може да пазарува во супермаркети и трговски центри само со обезбедување.
  • Како војвотка, таа не може да гласа на избори, ниту да се кандидира за јавни функции.
  • Експериментирањето со модата не е дозволено, туку само скромна и елегантна облека.
  • Салоните за убавина треба да се посетуваат барем три пати неделно, но дискретно.