КОКО ГО СЛАВИ 24. РОДЕНДЕН ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА, ПРВ ОТКАКО СЕ ВРАТИ ОД ХОЛАНДИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Шимпанзото Коко, еден од најомилените жители во скопската Зоолошка градина, денеска слави 24 години. Коко е роден во Скопје, но по смртта на мајка му остана единствено шимпанзо во Зоолошката, па почна да покажува знаци на анксиозност. Затоа беше испратен на ресоцијализација во Холандија и во јули годинава беше вратен во Скопје, заедно со уште три шимпанза, Мими, Роси и Хјасл.

Во Скопје, Коко и тројцата другари живеат во огромно живеалиште според светски стандарди, какво што бараат светските организации за заштита на животните.

Фото: Зоолошка градина

„Роден во Скопје ЗОО, израснат во Холандија, а по создавањето на добри услови, повторно во Скопје. Сите те сакаме и се грижиме за тебе. Прости им што во минатото си доживеал и лоши денови. Сега, тука за тебе се луѓе кои неизмерно те сакаат и целото внимание го посветуваат на тебе“, посака тимот од Зоолошката градина.