Моторизираната инвалидска количка на славниот британски физичар Стивен Хокинг се продаде на аукција за речиси 300.000 фунти (391.740 долари), а беше проценета на 15.000. Парите ќе одат во добротворни цели.
Хокинг почина во март на 76 години по долгогодишно боледување од редок вид моторна невронска болест. Болеста го остави во инвалидска количка, а зборуваше преку синтетизатор на глас.
Голем дел од неговото наследство, како есеи, медали, награди и копија од книгата „Кратка историја на времето“ потпишана со отпечаток од палецот, беа продадени онлајн, заедно со писма и ракописи од Исак Њутн, Чарлс Дарвин и Алберт Ајнштајн.
Неговата дисертација на 117 страни од 1965 година се продаде за 584.750 фунти, надминувајќи ја првичната цена од 150.000. Медалите и наградите се прододоа за вкупно 296.750 илјади фунти.