На 28 октомври, во Филхармонијата ќе се одржи концерт со песни од Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Пепи Бафтировски, Јонче Христовски Драган Вучиќ, Тоше Проески и Влатко Илиевски, во придружба на камерен оркестар. Ќе настапат Ламбе Алабаковски, Ивона Јо, Наде Талевска и Тамара Волчевска, а концертот е насловен „Легендите живеат вечно“.
„Овој концерт го организираме во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се оддаде почит за она што го оставија зад себе“, вели организаторот „Прагма продукција“.
Билетите се во продажба преку мрежата на „Купи карта“ онлајн и на нивните продажни места низ Македонија.