КОНЦЕРТИ И АУКЦИЈА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ВО МКЦ ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ НА ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со концерти и аукција на уметнички дела, Младински културен центар во Скопје денеска ќе изрази солидарност со Турција и Сирија, кои пред речиси две недели беа погодени од катастрофален земјотрес, кој резултираше со десетици илјади жртви и незамисливи уништувања.

МКЦ ги повика домашните уметници да донираат некое свое дело за аукцијата што ќе почне во 21 часот, а почетната цена за сите дела ќе биде 3.000 денари.

Турскиот театар од 19:30 часот ќе ја изведе претставата „Шопинг и факинг“ во режија на Шенај Мандак, а во музичкиот дел ќе настапат дуото Добрила и Дориан, „Крул“, Џенгиз Ибрахим, Зарина Првасевда, „Калата“, „Занаду“ и „Вагина корпорација“.

Цената на билетот е 150 денари, а сите собрани средства ќе бидат префрлени на посебно отворената сметка за донации на Црвен крст на Град Скопје.