КОНЦЕРТИ НА МЛАДИ МАКЕДОНСКИ МУЗИЧАРИ КАКО ВОВЕД ВО 61. ОХРИДСКО ЛЕТО

Охрид, (СМАРТ.СДК.МК)

„Подиум на млади“ се насловени концертите закажани за денес и утре во црквата „Св.Софија“ како најава за 61. издание на фестивалот Охридско лето (12 јули- 20 август).

Вечерва во 20 часот ќе настапат младиот пијанист Александар Хаџиевски од Србија, како и обоистот Андреј Петрески од Македонија.

Хаџиевски е еден од попознатите млади пијанисти од Белград што работи со добри музичари и освојува бројни интернационални награди, меѓу кои и третата наградата на натпреварот „Џорџ Гершвин“ во Њујорк во категоријата млади музичари. Петровски се смета за еден од најдобрите обоисти во земјава, а кој сега веќе работи во Сараевската филхармонија на позицијата прва обоа.

„Подиумот на млади“ е проект чиј идеен творец и организатор е Музичката младина на Северна Македонија.

Утре во 20 часот, во „Св. Софија“, ќе настапат хармоникашот Филип Петрески и пијанистот Виктор Рафајловски.