Екипата на „Сексот и градот“ во Њујорк ги снима 10-те епизоди од новата серија насловена „ And Just Like That“. Стримиг платформата „Ејч-Би-О“ објави прва фотографија од сет, на која се Сара Џесика Паркер, која ја игра Кери Бредшо, како и Синтија Никсон и Кристин Дејвис.

„Серијата нѐ носи од нивните 30-ти години до случувањата во нивните 50-ти години“, вели продукцијата.

Ким Катрал нема да се појави во новата серија, но потврдено е дека Крис Нот ќе ја репризира улогата на Мистер Биг.

„Сексот и градот“ се емитуваше од 1998 до 2004 година, а екипата за последен пат работеше заедно во 2010, кога излезе вториот дел од филмската верзија на серијата.