КОНЦЕРТИ НА НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР, ИГОР ЏАМБАЗОВ И ПИЈАН СЛАВЕЈ НА ЛЕТНАТА СЦЕНА НА МНТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Националниот џез оркестар ќе одржи концерт на летната сцена „Славиша Кајевски“ пред Македонскиот народен театар на 1 октомври од 21 часот. Оркестарот ќе ги свири најголемите хитови на „Битлс“ во нови аранжмани.

На 21 септември, на истата сцена ќе настапи Игор Џамбазов со бендот на Гуру Харе, два дена подоцна ќе свири бендот „Рингтоунс“, а на 24 септември настапува Пијан Славеј.

Претставата „Кец на десетка“ игра на 25 септември, следниот ден е „Не се клади на Енглези“, а на 27 септември има хип-хоп вечер со ЛД Пистолеро и диџеј Гоце. На 30 септември ќе се изведе дипломската претстава на ФДУ „Сакатиот од Инишман“.

Летната сцена на МНТ ќе се затвори со концерт на групата „Архангел“ на 2 октомври 21 часот.