Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо објави дека неговата девојка Хеорхина Родригес се породила вечерва, што е четврто дете на Португалецот.
Тој на Инстаграм објави весела семејна фотографија од болницата во Мадрид, на којашто Хеорхина го држи бебето, покрај најстариот син на Роналдо, Кристијано Јуниор.
„Алана Мартина тукушто се роди! И Хео и Алана се добро. Сите сме многу среќни“, напиша Роналдо.
Тие биле примени во болницата денеска наутро, иако се очекуваше таа да се породи околу 21 ноември.
Првите три деца, Кристијано Јуниор и близнаците Ева Марија и Матео, Роналдо ги доби од сурогат мајка. Роналдо претходно објави како ќе се вика неговото четврто дете.
„Јас го избрав првото, а Хео второто име“, кажа ѕвездата на Реал Мадрид.