Лауреатот на Струшки вечери на поезијата Влада Урошевиќ засади дрво во паркот на поезијата

Струга, (СМАРТ СДК.МК)

Со традиционалното садење дрво во „Паркот на поезијата“ неофицијално се означи почетокот на Струшките вечери на поезијата. Во паркот дрво засади годинешниот лауреат, добитник на „Златен венец“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ.

 

Годинешниот лауреат, во присуство на македонските и странските поети, изјави задоволство што ја има честа и неговото дрво да се најде во леата со светските поетски великани.

 

„Струга има свој мост, дом и парк на поезијата. Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво. Еден ден овде ќе имаме и шума. Еден ден кога нас ќе нѐ нема ова дрво ќе продолжи да расте и да се развива“, рече Урошевиќ.

Свеченото отворање на 62. издание на фестивалот ќе се случи вечерва со почеток во 20 часот на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

 

На „вечери на поезијата најавено е присуство на околу 25 поети од странство и 40-тина од државата.

 

Фестивалот, кој ќе трае до 28 август, се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“