ЗАГРЕПСКИТЕ МАЖOРЕТКИ СО ДЕФИЛЕ НИЗ ШТИП

Штип, (СМАРТ.СДК.МК)

Мажоретките од Загреб кои се актуелни европски шампиони, имаа дефиле низ штипски улици, а потоа имаа получасовен концерт на спортскиот центар „ Џексон“.

На пат кон Грција мажоретките од Хрватска имаа краток настап во Македонија.

 

„Нашиот ансамбал брои над 600 членови, но овде во Штип се само педесетина членови. Клубот досега бил 16 пати европски првак. Последната титула ја освоивме  минатата година на домашен терен во Загреб. Дојдовме во Штип ненајевено и спонтано благодарение на мојот војнички другар од Штип, доктор Сашко Ценов. Тргнавме со автобус за Грција, ама бидејќи минуваме низ Македонија се слушнавме со него и му најавив дека ќе направиме краток настап и во Штип. И не погрешивме наидовме на срдачен прием кај луѓето од овој град“, рече раководителот на ансамблот Ален Штуриќ.

 

Т. ЈОВАНОВСКИ