ЛЕБРОН ЏЕЈМС ЈА ПРОБИ ГРАНИЦАТА ОД 38.000 КОШЕВИ И СЕ БЛИЖИ КОН НБА РЕКОРДОТ НА ЏАБАР

Лос Анџелес, (АП)

Леброн Џејмс се ближи кон рекордот на Карим Абдул-Џабар откако ноќеска стана само втор играч во историјата на НБА лигата кој постигнал повеќе од 38.000 кошеви.

Џејмс, кој ја игра својата 20. сезона, постигна 35 поени во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Филаделфија од 113:112 и стигна до бројката од 38.024 кошеви во НБА кариерата. Сега му недостигаат само уште 363 поени за да го достигне легендарниот Џабар, чиј рекорд од 38.387 кошеви стои од 5 април 1984.

Со сегашниот просек од 29,2 поена по натпревар, на 38-годишниот Џејмс му требаат уште 13 меча за да стане новиот најдобар стрелец во историјата на НБА. Со ова темпо, тоа би можело да се случи во почетокот на февруари, на дуелот со Милвоки.

(Фото: АП)