Луѓето низ Азија ноќеска сведочеа на прстенесто помрачување на сонцето, познато како прстен од оган. Овој редок природен феномен можеше да се набљудува во повеќе земји, како Шри Ланка, Индонезија, Индија и Саудиска Арабија.
При прстенесто помрачување, Месечината го покрива центарот на сонцето, оставајќи трага на светол прстен.
Вообичаено, секоја година има две помрачувања на сонцето, кои се случуваат кога Земјата е целосно или делумно во сенката на Месечината. Претходното се случи на 2 јули и можеше да се види исклучиво во Јужна Америка.
Следното целосно помрачување на сонцето е на 14 декември 2020 и ќе биде видливо во делови на Чиле и Аргентина, Антарктик и во југозападна Африка.