МАЈКА МИ НЕ БЕШЕ САМО ЌЕРКА НА ЕЛВИС, КАЖА АКТЕРКАТА РАЈЛИ КИО, КОЈА ЈА ДОВРШИ АВТОБИОГРАФИЈАТА НА ЛИСА МАРИ ПРИСЛИ

САД, (АП)

Мемоарите на кои работеше американската актерка и кантавтор Лиса Мари Присли до моментот на нејзината смрт ќе бидат објавени оваа есен. Книгата која во моментов е без наслов, ја заврши актерката Рајли Кио, најстарата ќерка на Присли која имаше 4 деца.

„Малку луѓе имаа можност да дознаат која беше навистина мајка ми. Таа не беше само ќерка на Елвис Присли“, рече Кио во изјавата објавена од издавачот Рендом Хаус. „Имав среќа што ја имав таа можност да работам на подготовката на нејзината автобиографија. Многу сум возбудена што можам да ја прикажам мајка ми на јавноста сега, како најранлива и најискрена, и со тоа, се надевам дека читателите ќе ја сакаат исто како и јас“.

Нејзината книга е закажана за објавување на 15 октомври.

Лиса Мари Присли беше единственото дете на кралот на рокенролот Елвис, а почина на 54 години на 12 јануари минатата година. Сајтот ТМЗ објави дека таа била пронајдена во бессознание во спалната соба во својот дом во Калабасас, Калифорнија, по што била превезена во болница. Нејзината мајка Присила не ја наведе причината за смртта, додека американските медиуми објавија дека имала срцев удар.

 

Фото: АП