МАЈЛИ САЈРУС JA ИМА НАЈСЛУШАНАТА ПЕСНА ЗА 2023 СПОРЕД „БИЛБОРД“

САД, (Билборд)

„Билборд“ објави листа на 20 најслушани песни во светот во 2023.

Првото место го зазеде песната „Цвеќиња“ (Flowers) од Мајли Сајрус. Спотот за оваа песна досега е прегледан 667 милиони пати, а само една недела по објавувањето собори рекорд. Таа стана најслушаната песна за една недела во историјата на „Спотифај“ со повеќе од 100 милиони стримови.

Оваа песна Мајли Сајрус ја објави на роденденот на нејзиниот поранешен сопруг, актерот Лијам Хемсворт, а текстот му е посветен на него.

На второто место се најде песната „Смири се“ (Calm Down) во изведба на Рема и Селена Гомез, па следуваат „Убиј го Бил“ (Kill Bill) од СЗА, „Антихерој“ (Anti-Hero) од Тејлор Свифт и „Би умрел за тебе“ (Die For You) од Викенд.

(Фото: АП)