МАКЕДОКС ВО ПОТРАГА ПО НОВА ГЕНЕРАЦИЈА НА МЛАДИ ДОКУМЕНТАРИСТИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фестивалот МакеДокс е во потрага по четвртата генерација Докуникулци на возраст од 14 до 18 години, кои сакаат да бидат дел од годинашната работилница за креативен документарен филм. Заинтересираните треба да одговорат на следниве прашања во видео не подолго од пет минути:

  • Освен преку соништата, на кој друг начин бегаш од секојдневието?
  • Кога би можел да бидеш животно или растение, што би избрал/а и зошто?
  • Кое е твоето најрано сеќавање?
  • Кога би сретнал/а магаре што знае да зборува, што прво би ти кажало и зошто?
  • Кој документарен филм ти оставил најголем впечаток и зошто?
  • Која е приказната што сакаш да ја раскажеш и зошто е различна од останатите?
  • Што би издвоил/а за себе како важно, специфично, откачено?

Видеото треба да се испрати на [email protected] преку WeTransfer или да се прикачи на Вимео или Јутјуб заштитено со лозинка. Повикот е отворен до 1 јули, a резултатите ќе бидат објавени до 7 јули.

Работилницата ќе биде распоредена во четири сесии.