МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВА ВЛАДА, ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ Е ДЕВЕТТИОТ ПРЕМИЕР ДОСЕГА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
New Macedonian Prime Minister Dimitar Kovacevski (C) and members of his cabinet pose for a family photo after being elected in the Macedonian Parliament in Skopje, Republic of North Macedonia, 17 January 2022.North Macedonia’s new prime minister, Dimitar Kovachevski was a deputy finance minister in the Zoran Zaev government. Zaev, stepped down after heavy losses in local elections last October.

Со 62 гласа „за“, Собранието синоќа ја избра новата влада, на чие чело ќе биде Димитар Ковачевски, новиот лидер на СДСМ.

  • Четириесет и седумгодишниот Ковачевски е деветтиот различен премиер од осамостојувањето на Македонија, а доаѓа на местото на Зоран Заев, кој поднесе оставка по тешкиот пораз на СДСМ на ланските локални избори.
  • Во новиот состав на владата, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ има 11 министри, ДУИ шест, а Алтернатива три.
  • Во владата на Ковачевски девет имиња се нови во однос на кабинетот на Заев.
  • Бујар Османи и Оливер Спасовски ги задржаа функциите министер за надворешни, односно за внатрешни работи, додека одбраната повторно ќе ја води жена – Славјанка Петровска.
  • Новиот коалициски партнер Алтернатива, меѓу другото, го доби Министерството за здравство, каде што Беким Сали го замени Венко Филипче, најекспонираниот министер во изминатите две години.
  • Бисера Костадиновска-Стојчевска стана министерка за култура на 35 години.