МАКЕДОНИЈА ГИ ЗАТВОРА СИТЕ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ И СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ПО ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Women wear face mask to protect against the coronavirus disease (COVID-19) at the empty main square of the capitol Skopje, North Macedonia, 14 March 2020.Macedonian Government came to a decisions to close all cafeterias, restaurants and all gambling establishments. From Monday night, the airport st. Peter and Pavle in Ohrid will also close. Health Minister Venko Filipche said that all shopping malls should also close, except the super markets and pharmacy shops.The North Macedonian government had already suspended activities in schools and universities for 14 days in a bid to control the spread of the COVID-19 disease caused by the novel SARS-CoV-2 coronavirus in the West Balkan country. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонските власти потврдија пет нови случаи на коронавирус во земјава, со што вкупната бројка порасна на 24. Тие најавија и воведување нови драстични мерки со кои Македонија дополнително ќе се изолира за да се спречи натамошно ширење на заразата.

  • Четири од новозаразените се од Дебар, а позитивен тест има и жена која пред неколку дена се вратила од Холандија преку Виена.
  • Претседателот Стево Пендаровски кажа дека сѐ уште нема потреба од прогласување вонредна состојба во земјата.
  • По охридскиот, Владата донесе одлука за затворање и на Меѓународниот аеродром Скопје, што ќе стапи на сила задутре попладне.
  • Од вечерва се затвораат сите гранични премини, освен за товарни и дипломатски возила.
  • И двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ побараа одложување на парламентарните избори, што се закажани за 12 април.
  • По Италија и Шпанија, и Франција од утре ќе биде во 15-дневен национален карантин, додека претседателот Макрон најави и затворање на надворешните граници на Европска Унија.
  • Од КОВИД-19 досега починале над 7.000 луѓе, а заразени се речиси 180.000.