Македонија втор ден по ред бележи голема бројка новозаразени со коронавирус, при што мнозинството нови случаи се во Скопје.
- Педесет и шестгодишна пациентка од Струшко е 141. жртва на КОВИД-19 во земјата.
- Во изминатите 24 часа биле направени 885 тестирања и 76 имале позитивен резултат, 13 помалку од вчера.
- Дури 52 нови случаи на зараза се потврдени во Скопје, па следуваат Тетово со 14, Гостивар и Куманово со по два и еден во Штип, Кочани, Пробиштип и Кратово.
- Во Македонија досега има 2.391 случаи на коронавирус, од што 655 се активни.
- Досега оздравеле 1.595 лица, 26 повеќе во однос на вчера.