МАКЕДОНИЈА МУ ПРАВИ ПРВА РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА ТАНАС ЛУЛОВСКИ-ТАНЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Слики и цртежи од различни творечки периоди на Танас Луловски-Тане, еден од доајените на македонското современо сликарство, ќе бидат опфатени со неговата ретроспективна изложба, што се отвора вечерва во 19 часот во Националната галерија на Македонија-Даут пашин амам.

Изложбата претставува одбележување на карактеристичниот авторски белег и на повеќедецениското творештво на Луловски (1940-2006), кое започнува во 60-ите години од минатиот век. Останувајќи инспирација за новите генерации ликовни автори, ова е прво ретроспективно прикажување на неговите дела, за да се укаже на неговото исклучително значење за современата македонска ликовна уметност.

Луловски дипломирал на Институтот за ликовни уметности во Букурешт, а специјализирал во Рим. До 1985 година работел како слободен уметник, кога станал професор по сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Изложбата ќе биде отворена до 20 февруари 2019.