МАКЕДОНИЈА ПРВПАТ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД НАЈМАСОВНИОТ СВЕТСКИ ТУРНИР ВО БАСКЕТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонија првпат ќе биде дел од најмасовниот турнир во 3х3 баскет, кој се одржува во 28 држави во светот под покровителство на „Ред бул“. Натпреварите ќе се играат на 15 јули на кошаркарското игралиште во скопската населба Влае, а победничкиот тим ќе учествува на светското финале во Белград, што ќе се одржи од 16 до 18 септември на Калемегдан.

Се очекува на годинашниот глобален Red Bull Half Court да учествуваат над 15.000 играчи.

Тимовите се состојат од тројца-четворица играчи, а покрај победата за која се потребни 21 поен, посебен бонус добива тимот со најголем број постигнати кошеви на сите одиграни натпревари. Пријавувањето е отворено до 14 јули.

Повеќе информации за правилата и пријавувањето има на следниот линк.