БАСКЕТ ТУРНИР РАДИШАНИ ОПЕН ВИКЕНДОВ СО МНОГУ НАГРАДИ И МУЗИЧКА ПРОГРАМА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Викендов (18 и 19 јуни) во скопската населба Радишани ќе се одржи турнир во баскет Радишани опен. Ќе учествуваат над 20 екипи од цела Македонија, а за најдобрите тимови се обезбедени и награди, меѓу кои и парични: 30.000 денари за прво, 20.000 денари за второ и 10.000 денари за трето место. 

За забавата во двете вечери се задолжени диџеј Матс, Јана Гигова, диџеј Мартин и диџеј Славе. 

За учество на турнирот се плаќа 1.000 денари од екипа, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Пријавувањето е на [email protected] и на телефонските броеви 078 431 875 и 070 222 781.